Ќе платат 4.000 евра: Цеца и Богдан во нова авантура, сака тој сака Ражнатовиќ да му роди син

Уживаат во љубовта

Цеца Ражнатовиќ (47) отпатува со својот емотивен партнер Богдан Срејовиќ (38) и неговата ќерка Искра (7) на Копаоник. Пејачката и менаџерот со себе ја зедоа и дадилката на девојчето за да можат малку и да се повлечат и да уживаат сами на планината.

Се сместија во семејниот апартман на најлуксузниот хотел на Копаоник, а за престојот од четири дена ќе платат 4.000 евра.

Престојуваат во најголемиот апартман. Цеца и Богдан имаат посебна соба, а девојчето и дадилката се сместени веднаш покрај нив. Жената ја зедоа за да биде постојано со Искра како би можеле тие да се изолираат кога и да посакаат. На Копаоник се и некои нивни пријатели, па планираат да се сретнат и со нив“, раскажува изворот за „Информер“ и додава дека менаџерот е многу приврзан за својата ќеркичка.

Секој слободен момент го поминува со неа, така што негова идеја беше Искра да појде со нив на Копаоник, а Цеца веднаш прифати, без приговор“.

Изворот објаснува дека Ражнатовиќ одлично се согласува со ќерката на својот избраник.

Цеца генерално сака деца, а во Богдан е вљубена толку многу што малата Искра едноставно ја обожава. Постојано ѝ купува играчки и се шегува со неа. Ѝ кажува дека ќе биде голема ѕвезда затоа што сака да се фотографира, постојано позира и се однесува како фотомодел. Исклучително е интелигентна, па Цеца разговара со неа како со возрасна личност. На Богдан срцето му е полно кога гледа колку добро се согласуваат. Најважно му е неговото дете да ја прифати Цеца, а малечката засега одлично реагира на девојката на тато“, тврди изворот, и додава дека девојчето не е ни свесно колкава ѕвезда е Ражнатовиќ, но ја обожава нејзината ќерка Анастасија.

Денешните деца повеќе ги сакаат помладите пејачки и јутјуберите, така што за Искра Анастасија е како божица. Ги обожава нејзините песни и воодушевена е тоа што Цеца ѝ е мајка на Таса“, објаснува изворот.

Според неговите зборови, новиот избраник на Цеца е заљубен во неа „до уши“ и размислува за заедничко потомство со неа. Негова голема желба е да има и син.

Многу сака машко дете и тоа го знаат сите негови пријатели. Свесен е декае рано да зборува со Цеца на оваа тема, но би сакал токму таа да му роди машки наследник.“

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.