Топката што го спаси 30-годишниот Иван пред 10 дена ја загубиле две братчиња на Лимнос (ФОТО)

Топката, која ѝ стави среќен крај на одисејата на неверојатниот Иван, пристигна во неговите раце од Лимнос, од каде 10 дена патуваше по морето!

Верувале или не, славната ракометна топка Вилсон, која му го спаси животот на Том Хенкс во филмскиот хит „На пуст остров“, му го спаси животот и на Иван од Македонија, кој 18 часа помина во водите на Егејско Море, пренесува грчкиот портал Вориа.гр.

Имено, 30-годишниот Иван со уште двајца другари, заминал во Грција по повод прославата на неговиот роденден и за време на невремето што ја зафати земјата во саботата, се нурна во морето кај Посиди, Халкиди, но набрзо беше одвлечен од страна на силните струи спротивно од брегот.

За среќа, беше спасен од товарен брод со гибралтарско знаме, по повеќе од 18 часа, во одбра здравствена состојба, што спасувачките служби во Грција го сметаат за чудо.

Како што самиот ѝ раскажа на градоначалничката на Халкидики, Анастасија Чалкиа, успеал да најде топка во морето и да ја зграпчи, а потоа со неа да се одржува на морските бранови.

Со други зборови, топката му помогнала да преживее!

И тоа не е сè.

Имено, ракометната топка „Вилсон“ заврши во рацете на градоначалничката, но откако беше објавена сликата, се јавило грчко семејство кое тврдело дека топката е нивна и дека ја изгубиле на плажа на островот Лимнос.

Нивните деца Танос и Трифун, кои си играле во водата, ја изгубиле топката и не успеале да ја фатат. Тоа се случило на 30-ти јуни и според грчкиот веб-сајт „Вориа“, семејстото како доказ им ја испратило фотографијата од одморот во Лимнос.

Топката, која е кожена и со големина на ракометна топка, иако била полунадувана, како што вели самиот Иван, успеала да му помогне да остане жив. Можеби, на крајот на краиштата, оваа топка, која била изгубена на Лимнос, да е неговиот подарок за роденденот, за чија прослава допатува во Посиди со двајцата пријатели, кои исто така беа однесени од водите кај плажата Мити.

На крајот на краиштата, Иван, кој нурна во морето за да ги спаси своите двајца пријатели, веднаш штом излезе на брегот рече дека спасувањето е најдобриот подарок во неговиот живот.

Таткото на 30-годишниот славеник заедно со градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа, се фотографираше со среќната топка, пресреќен поради среќниот крај на авантурите на 30-годишниот син.

Инаку, 25-годишниот Васил бил спасен од сурферката која ги забележала и ја известила спасувачката екипа на чамец, додека 30-годишниот Иван беше спасен по 18-часовно одржување на отворено море, на околу 25 километри од местото каде што пливал со другарите.

Двајцата се во добра здравствена состојба, но по третото момче, 28-годишниот Мартин, сè уште се трага.

Фото: Voria.gr

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.