Тој бил најмоќниот владетел со турското царство: Имал 4 жени, а еве како навистина изгледал Сулејман Величествениот!

Погледнете

Сулејман Величествениот бил еден од најмоќните владетели на светот, а во продолжение дознајте како тој навистина изгледал

Сулејман Величествениот, познат и како Кануни (Законодавецот) бил образован владетел. Зборувал четири јазици: арапски, персиски, српски и чагатајски (стара форма на турскиот јазик). На власт дошол кога имал 26 години, а неговото владеење траело 46 години.

За време на своето владеење учествувал во десет воени походи во Европа и три во Азија. За време на неговото владеење бил освоен Родос и така се отворил поморскиот пат до Египет, па така Турците имале целосна контрола врз трговијата со Венеција и Џенова во Источното Средоземје.

Историчарите го сметаат Сулејман за најдобриот владетел што некогаш постоел во Османлиското царство, како поради големата експанзија и дипломатските способности, така и поради земјоделскиот и културниот напредок на царството во негово време. Сулејман направил големи реформи во судството, општеството, образованието, порезите и кривичното право и поради тоа е познат и како „Законодавецот“.

Како навистина изгледал султанот Сулејман?

Врз основа на сочуваните портрети, како и описите што ги оставиле неговите современици, денес е познато како Сулејман навистина изгледал. Еве како го опишал венецијанскиот дипломат Бартоломео Контарини во времето кога станал султан:

„Има само 25 години, висок и слаб, но жилав, со слабо и ковчесто лице. Влакната на лицето му се видливи, но едвај.“

https://twitter.com/whencyclopedia/status/1443591471672692739?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1443591471672692739%7Ctwgr%5E104e53653d6e8fc3a110e24ac1b9c8fa24e351cc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flifestyle%2Fzanimljivosti%2F188397%2Fkako-je-zapravo-izgledao-sulejman-velicanstveni

Подоцнежните описи што датираат од неговите зрели години го опишуваат како слаб и навидум кревок, но со многу силна рака и се велело дека умее да стрела најдобро од сите.

Првата негова нацртана слика е дело на Албрехт Дирер од 1526 година. Тој никогаш не го сретнал османлискиот султан, туку ја засновал сликата на описите на венецијанските трговци што биле во Цариград. Сличен цртеж направил и Хиеронимус Хопфер. Во двата примера султанот се појавува со издолжен врат, кукаст нос и мали уши, а во ликот многу потсетува на прадедо му Мехмед Втори.

Сепак, сето ова денес е во сенка поради неговата голема љубов со Хурем, жена од харемот, православната Рокселана, која потоа преминала во ислам и со која се оженил. Нивниот син Селим Втори го наследил Сулејман по неговата смрт во 1566 година.

 

Благодарение на популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, денес тој е еден од најпознатите владетели на светот. Во серијата, според критичарите, маестрално го одигра турскиот актер Халит Ергенч.

На смртната постела, султан Сулејман имал три желби: Сите занемеле кога ги чуле!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.