„Ти си отсутен, не следиш ништо“: Марија Шерифовиќ му се пушти на Саша Поповиќ – „Не сакам повеќе да учествувам во ова“

Шоубизнис

Пејачката ја разбеси потегот на жирито.

Пејачката Марија Шерифовиќ повторно му се закани на Саша Поповиќ дека ќе го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Таа се изнервира што Поповиќ не реагирал кога Луција Ленадиќ (20) добила паник тастер.

„Јас повеќе не учествувам. Ти си отсутен, ти си се посенилен, не следиш што прави жирито, не си во тек“, полуде Шерифовиќ, на што Поповиќ одговори со анегдота.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Кога дојде Марија во жирито во 2015 година и таа ми кажува на мене: „Тука сум само оваа година, не можам и 2016та“, јас велам добро, но размисли. Следаната година ми вели: „Две години сум тука, не можам веќе“ и така со ред се до денес“, ги насмеа сите алудирајќи на тоа што нејзините закани се празни ветувања.

„Јас морам да признаам дека тогаш „Ѕвездите на Гранд“ добија нова публика и навистина убаво соработувавме, и убави работи се случуваат за свете години, но јас ќе се потрудам оваа година да ми биде последна година во „Ѕвездите на Гранд“, изјави пејачката на Саша која тврди дека таа реченица ја слуша веќе осма година по ред, а потоа се префрли на Босанецот за кој има чувство дека е тука „од минатиот век“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.