Таа е сѐ позгодна, а тој пропаднал прекуноќ: Сопственикот на најголемите модни брендови и денес го бие лош глас!

Франсоа Пино Анри

Мексиканската актерка Селма Хаек минатата среда го собрала своето семејство во Санта Моника, каде што вечерала во познат ресторан со сопругот Франсоа-Анри Пино и ќерката Валентина. Модниот могул ја изненадил јавноста со својот изглед

Семејството вечерало во друштво на актерот Леонардо Ди Каприо, а двојката била усогласена во црни комбинации.

Сепак, овој пат вниманието од згодната сопруга го украл претприемачот поради фактот што значајно се променил физички и целосно проседел. И додека неговата сопруга со текот на годините изгледа сѐ попривлечно, модниот могул и сопственик на компанијата „Керинг“, која поседува луксузни брендови како „Гучи“, „Александар Меквин“, „Баленсијага“ и „Ив Сен Лорен“, води борба со својот изглед.

Заедно со двојката била и 14-годишната ќерка Валентина која станала вистинска убавица, но родителите долго ја држеле подалеку од очите на јавноста за да порасне подалеку од камерите.

Селма повеќепати има изјавено дека сакала да ѝ овозможи безгрижно детство и да ѝ дозволи самата таа да одлучува дали сака да се појавува на црвениот килим или не.

Франсоа, освен Валентина, со првата сопруга Дороти Лепер има и 24-годишен син Франсоа и 21-годишна ќерка Матилда, додека од аферата со манекенката Линда Евангелиста добил син Аугустин Џејмс, кој денес има 15 години.

Селма, како што повеќепати има истакнато, отсекогаш сакала големо семејство, меѓутоа со сопругот ја добила само Валентина. Сепак, таа денес гордо истакнува дека неговите деца од претходните врски се и нејзини деца.

„Отсекогаш сум сакала да имам многу деца, но не можев. Моето тело, како за чудо, роди само едно. Огромен благослов е фактот што сопругот има уште три деца. Па така, ги имам четири. И сите се толку различни“, рекла таа во една пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Сепак, складниот однос на Селма и Франсоа го нарушила тужбата на Линда Евангелиста што манекенката ја поднела во 2011 година.

Линда го одвела модниот могул на суд, бидејќи не сакал да го признае синот Аугустин Џејмс, чие име дотогаш го криела. Наводно, неколку месеци биле во врска, што тој тоа на почетокот одлучно го демантирал. Подоцна признал дека тој е неговиот татко, но и дека побарал од манекенката да абортира. Пино и Евангелиста се спогодиле, а интересно е што Селма никогаш не сакала да ја коментира таа ситуација.

Сепак, социјалните мрежи и зијави откриле дека дамите се во одлични односи, како и нивните деца, бидејќи така тоа и треба да биде.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.