Најбрзата торта од 3 состојки: Готова е за само 5 минути, децата ја обожаваат!

Брзо и вкусно

Рецепт за торта за која се потребни само 3 состојки и минимум од вашето време. Покрај тоа што брзо се приготвува, многу е вкусна и заразна

Брзата торта е идеален избор доколку немате многу време за готвење. Покрај тоа што брзо се приготвува, овој десерт децата го обожаваат, па идеален е за родендени и прослави.

Состојки:
  • крцкави чоко-снегулки
  • 180 г путер
  • 250 г кондензирано млеко
Приготвување:

Во подлабока чинија изматете путер (од собна температура), потоа, додајте го кондензираното млеко и матете додека се изедначи смесата. Сипете ги крцкавите снегулки и добро соединете ги со смесата. Сипете ја смесата во калап и израмнете ја. Украсете ја тортата со крцкави снегулки и ставете ја во фрижидер да се стегне.

Добар апетит!

Погледнете го следново видео за подетални упатства…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.