Страшната авионска несреќа во семејството на Јелена Карлеуша ги остави мајката и тетката без татко

Фото: Рајко Ристиќ

Семејството на популарната пејачка доживеа голема несреќа од која тешко закрепна.

Имено, ретко кој знае дека таткото на нејзината мајка Дивна Карлеуша, Јури, и неговиот брат Вилибалд биле воени пилоти. За жал, и двајцата загинале на работното место, во ист ден, со разлика од само неколку часа. По оваа загуба, како што вели сестрата на Дивна, Данијела, нивната баба престанала да зборува.

Поради тажниот пресврт на судбината, пилотот Јури, таткото на Дивна Карлеуша, загинал во 1967 година, а истиот кобен ден, 10 октомври, во друг авион загинал неговиот брат Вилибалд, исто така пилот, на само стотина километри од местото каде што се урнал брат му. Данијела имала само три месеци кога го изгубила својот татко, додека Дивна имала десет години и потоа се грижела за својата сестра.

Tатко ми, кој беше воен пилот, загина на работа. Два часа подоцна животот го загуби неговиот брат, исто така пилот. Тоа беше голем шок за целото семејство, трагедија која не’ промени засекогаш. Баба со години не кажа ни збор. Таа изгуби два сина во ист ден.

На нашата мајка ѝ беше исто толку тешко, но некако собра сили и продолжи понатаму. Имаше само 29 години, никогаш повеќе не се омажи. Живеевме во Словенија, од каде што е татко ни, во Хрватска, Србија. Дивна ја заврши Деветтата белградска гимназија во Белград, а во трета година на Правниот факултет се вработи во Радио Белград на познатата станица 202. Успешно се занимаваше со маркетинг, извесен период работеше и на телевизија и напиша текстови за многу поп-ѕвезди, раскажа тетката на Јелена Карлеуша, Данијела Димитровиќ.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.