Неодолив колач со кокос и лешници: Се приготвува брзо, а идеален е за свечени трпези

Рецепт

Доколку сакате нешто слатко или треба да приготвите трпеза за одредена прослава, овој ролат е совршено решение за вас. Вкусот е неодолив, а овој деликатес е готов за 30 минути.

Состојки:

300 г кокосови снегулки

50 г бисквити

200 г кондензирано млеко

20 г какао во прав

100 г лешници

какао (за украсување/посипување)

Приготвување:

Измешајте ги кондензираното млеко и кокосовите снегулки, па смесата поделете ја во два сада.

Во едниот од нив додајте какао и убаво измешајте. Потоа додајте ги искршените бисквити.

На работната површина ставете проѕирна фолија, а потоа истресете ја смесата со бисквити и какао. Оформете ја смесата во правоаголник.

На друго парче фолија, сторете го истото со смесата од другиот сад.

Посветлата смеса ставете ја врз потемната, а потоа внимателно отстранете ја фолијата. Наредете ги лешниците еден до друг по целиот раб. Завртете го ролатот полека, па завиткајте го со фолија. Оставете околу половина час во фрижидер. Пред сечење, посипете со какао во прав.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.