Синот на Парис Хилтон е на удар на страшни навреди поради неговиот изглед: „Ме боли, моето бебе не е болно…“
Малиот Феникс е „бомбардиран“ со недолични коментари.
Никој не беше посреќен од Парис Хилтон кога ѝ се исполни најголемата желба – да стане мајка. На почетокот на годината, го изненади светот кога објави дека таа и нејзиниот сопруг Картер Реум имаат наследник, момченцето Феникс, веројатно со помош на сурогат-мајка.
Сепак, наследничката на синџирот луксузни хотели поминува низ вистински пекол поради детето. Откако пред неколку дена на социјалните мрежи сподели фотографии од својот син, се најде на удар на многубројните следбеници кои на нејзиниот профил оставаат негативни и многу навредливи коментари на сметката на главата на бебето бидејќи, како што веруваат, е преголема за неговата возраст.
Многумина изразија сомневање дека тој има макроцефалија, биолошка промена во која обемот на главата е поголем од очекуваното за полот и возраста на детето. Парис не издржа и одлучи да им одговори на троловите кои мислат дека го има „најгрдото дете на планетата“.
Кога си јавна личност и постојано си во центарот на вниманието, неизбежни се разни коментари. Но доколку целта е моето дете или детето на некој друг, навредите се неприфатливи. Ова ме боли повеќе отколку што зборовите можат да опишат, напиша Парис на Инстаграм.
Моето бебе е совршено здраво, неодоливо, вистински ангел. Сонував да бидам мајка од кога се сеќавам. Феникс е мојот свет и најголемиот благослов во мојот живот. Секој ден ме потсетува на она што е навистина важно. Се надевам дека луѓето ќе научат да се однесуваат кон другите со поголема љубезност и емпатија.
Додека гостуваше во една емисија, таа повтори дека нејзиниот син е здрав, едноставно има голем мозок.
Тој не е болен, но има болни луѓе на овој свет, додаде таа, алудирајќи на оние кои оставија морничави коментари за малиот Феникс.
Коментарите се заклучени.