Силвестер Сталоне за смртта на синот: „Ниту една болка не може да се спореди со таа кога ќе изгубиш дете!“

Непребол

Херојот од култните филмови тивко ја преживеал смртта на својот син, но кога проговорил, неговите зборови расплакале милиони

За повеќето од нас, одењето во кино е начин на бегство од реалноста, губење во фантазијата со помош на филмовите со среќен крај.

Дали некогаш сте размислувале за актерите со чија помош заборавате на реалноста? Кој ги лекува нив кога страдаат?

Силвестер Сталоне, по загубата на најстариот син Сејџ, потонал во тишина.

Сејџ бил првото дете на Силвестер и сопругата Саша Чак. Починал на 36 години на 13 јули 2012 година во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар, предизвикан од атеросклероза.

 

Смртта на синот го уништила храбриот Роки. Тој барал самотија и приватност.

Силвестер Сталоне тогаш рекол:

„Ниту една болка не е посилна од таа кога родител ќе изгуби дете. Затоа, ги замолувам луѓето да покажат почит кон сеќавањето на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашите животи. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум и понизно ве молам да не ја нарушувате душата и сеќавањето на мојот син.“

По разводот на Силвестер и Саша Чак, дошло до тежок период за таткото и синот. По неколку години се смириле, па дури и почнале заедно да снимаат филмови и да даваат интервјуа.

Сталоне соработувал со Сејџ во филмот „Роки 5“, а син му планирал да се занимава со продукција. И покрај здравствените проблеми, никој не можел ни да си замисли дека ќе му се случи такво нешто на ова младо момче.

Смртта на синот тешко го погодила Сталоне. Тој се повлекол за да се избори со својата болка во тишина.

Во август 2012, актерот изјавил:

„Многу е тешко. Ова е ужасна ситуација, но таков е реалниот живот – времето ви помага да се изборите и да се обидете да го преживеете она што се случило. Многу е важно да најдете сила да станете и да се обидете да живеете. Во спротивно, тоа може да ве одвлече во маѓепсан круг.“

На доделувањето „Златни глубоси“, новинарите го прашале Силвестер како влијаела загубата на синот врз неговата работа, а актерот одговорил:

„Ми се чини дека во такви ситуации многу помага ако правите нешто. Во случајот на мојот син, сакав да му оддадам почит и мислам дека го направив тоа.“

Ја изневерувал каде ќе стигне, а таа го чекала и се надевала: Како Силвестер Сталоне станал верен сопруг?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.