Северина се сели на имотот на новото момче?!

Додека е во брак со Игор Којиќ?

Нови шокантни информации…

Во хрватските и српскире медиуми одекна веста дека поп-пејачката Северина Којиќ почнува заеднички живот со новиот емотивен избраник, сопственикот на винарија Томислав Воштиниќ, со кого медиумите ја поврзуваа уште кон крајот на летото.

Имено, таа, за почеток, ќе пренесе дел од своите предмети на неговиот имот во Иваниќ Град, каде што повремено ќе оди и ќе поминува неколку дена за да види како тие двајцата ќе функционираат заедно, дознава српски „Курир“.

Е сега, сосема логично, многумина се прашуваат што се случуца со нејзиниот брак со Игор Којиќ. Се шпекулира дека сопружниците не се во добри односи, а во прилог на тоа зборува и оди фактот дека не се виделе скоро една година.

Во меѓувреме, Севe си најде ново момче со кое го помина целото лето, а очигледно наскоро планираат да живеат заедно.

Извор близок до пејачката вели дека поминува многу време на Граберје Ивановачки, каде што Томислав има имот и винарија, како и дека патувале заедно ова лето, а биле видени и на крстосување низ Јадранот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Имајќи предвид дека нивната љубов цвета, двајцата разговарале и за подигнување на врската на повисоко ниво, па Воштиниќ ѝ предложил да почнат да живеат заедно.

Знаејќи дека нејзината ситуација е комплицирана зашто таа сè уште е мажена со Игор Којиќ, како и дека не е сигурна дали да се пресели кај него, тој ѝ предложил да тргнат чекор по чекор – таа постепено би ги пренесувала работите кај него, како и дека ќе продолжи да оди во Загреб  во нејзиниот стан, затоа што таму има многу работни обврски. Тој предлог ѝ се допаднал на Северина, па одлучила да го прифати.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Од друга страна, ниту пејачката, ниту поранешниот фидбалски менаџер се немаат огласено по повод шпекулациите дека се разведуваат. Иако медиумите информираа дека ги избришале заедничките фотографии од своите инстаграм-профили, се воспостави дека тоа не е вистина, земајќи предвид дека на профилот на Северина фотографиите се’ уште ги има. И не само тоа, нејзиниот се’ уште законски сопруг е единствената личност што таа ја следи на Инстаграм.

Дали станува збор за празни муабети или, сепак, Севе се впуштила во нова љубов, времето ќе покаже.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Фото: Инстаграм, Јелена Балиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.