Анџелина Џоли ја продава единствената слика насликана од Черчил, која ѝ ја подарил Бред Пит: Дело вредно 3,4 милиони долари

На аукција

Фото: Getty Images

„Си-ен-ен“ открива дека Анџелина Џоли одлучила да ја продаде „Кулата на џамијата Кутубија“, единствената слика насликана од британскиот премиер Винстон Черчил за време на Втората светска војна. Се очекува ова ремек-дело на аукцијата постигне цена од 3,4 милиони долари.

Черчил ја насликал во Маракеш, Мароко, откако присуствувал на конференција во Казабланка во јануари 1943 година и му ја подарил на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт.

Проценетата вредност на сликата се движи од два до 3,4 милиони американски долари.

Тоа е единственото дело што Черчил го насликал за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузниците, во земја што ја сметаше за една од најубавите што ја видел“, рече Ник Орчард, шеф на британската аукциска куќа „Кристи“.

Сликата настанала откако двајцата лидери се согласиле дека ќе прифатат само безусловна капитулација на силите на Оската, што беше стратешки значајна порака за намерите од двете водечки воени фигури.

Кристи објавиле дека платното го продава Jolie Family Collection.

Дилерот на уметнички дела Бил Реј, од кого Бред Пит ја купил сликата во 2011 гоина и ѝ ја подарил на актерката Анџелина Џоли, изјавил дека таа му била подарена на синот на претседателот Рузвелт, кој ја продал во 1960 година.

Сликата завршила во Њу Орлеанс, каде што била во семејната куќа повеќе од 50 години, а кога ќерката на нејзиното семејство ја наследила, таа ја продала.

Черчил насликал неколку марокански мотиви пред војната.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.