Се зборуваше дека Аркан ѝ подарил накит на Цеца кој го украл додека бил во војна: По 5 години се јави една жена со сите детали

Шоу-бизнис

Шпекулациите што кружеа за ѓерданот на Цеца Ражнатовиќ, кој го носеше во емисијата на Милован Илиќ Минимакс, се конечно решени. Мирјана Милосављевиќ ја знае вистината за потеклото на спорниот накит.

Кога Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави во една емисија кај Милован Илиќ Минимакс носејќи дијамантски ѓердан, почнаа шпекулациите дека накитот ѝ го подарил Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој го украл кога бил во војна. За време на гостувањето се јави една жена која тврдеше дека Аркан го истргал овој накит од вратот на нејзината сестра.

Иако на Интернет постојат неколку снимки од таа емисија, тој дел никаде го нема. Поради тоа многумина веруваат дека оваа приказна е измислена.

Но сега се огласи и жената која во 1990-тите години ја ангажирал Жељко во Прага да донесе ексклузивна бижутерија за неговата сопруга.

Јас живеев со години во Прага и во Србија носев ексклузивна бижутерија. Овде имав свои клиенти на кои тоа им го продавав. Тоа беа копии на најексклузивните, уникатни ѓердани на светските брендови. Соработував со разни пејачки. Меѓу нив се Драгана Мирковиќ, Јована Типшин и многу други“, раскажува Мирјана Милошављевиќ за српскиот „Курир“.

Мојот сопруг ме запозна со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Отидов кај него на стадионот Обилиќ да го погледне накитот. Му однесов комплети. Ми вели тој на мене: ‘Немој мене ништо од тоа да ми покажуваш, оди кај мене дома, носи ѝ ги на Цеца’. Така и беше. Нивниот син Вељко беше многу мал. Јас со тој накит отидов во близина на стадионот на Звезда. Таму таа ме прими, беше сосема нормална, љубезна, срдечна. Влегов и седнав, ги извадив палетите кои ги имав и таа сите ги погледна. Доста од нив купи. Тоа воопшто не беше евтино во тоа време“, тврди Мирјана, пренесува Мондо.

На нејзе многу ѝ пречи што во текот на годините слуша разни шпекулации за накитот на Цеца.

Сакам да ја тргнам дилема и жената веќе да не ја напаѓаат дека тој накит е профит од војните во кои влегол Аркан. Поединци си дадоа за право да зборуваат се’ и сешто сега кога тој не е меѓу нас. Стојам зад своите зборови, помина многу време, а сигурна сум дека и таа се сеќава. Таа фама околу тоа е неправедна. Не знам кој има право на неа да ѝ суди, таа се’ купи од мене и не постои никаква кражба. Сите комплети изгледаа импозантно и многу ефектно, како да беа оригинал. Цеца е прекрасна жена, нормална, квалитетна, пријатна, која умее да се однесува со луѓето. Не сум во контакт со неа, ниту продавам таков накит повеќе, долго време се мислев дали вака јавно да зборувам. Ете, сега сите нека знаат дека таа е чиста како солза и дека никој не може ништо лошо да каже за неа. Сите тие приказни беа лага и шпекулации, кои таа жена, која помина голгота, не ги заслужи“, заклучи таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.