Спектакл во најава: Ријана ќе настапи на полувремето на „Супербол“

Музика

Се чекаше враќањето на Ријана на големата сцена и ќе биде навистина спектакуларно бидејќи пејачката ќе настапи на полувремето на “Super bowl” на 12 февруари во Аризона.

До настапот дојде после говорот на NFL и Apple music, чии преставници открија дека се воодушевени поради соработката со Ријана.

Полуфиналето на “Super bowl” е прв закажан настап на популарната Рири која последен пат настапи на доделувањето на Греми наградите на почетокот на 2018 година, а чиј последен соло албум „Анти“ беше објавен во јануари 2016 година.

Пејачката во мај оваа година со раперот Асап Роки добија син. Паузата во кариерата ја направи поради бременоста.

„Ријана е талент на една генерација, жена со скромен почеток која на секој чекор ги надмина очекувањата. Личност родена на мал остров Барбадос која стана една од најистакнатите уметници во историјата. Заслужна за успехот во бизнисот и забавната индустрија“, напиша NFL на Твитер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.