Се омажи, роди деца, па исчезна без трага и глас: Еве каде е и што прави денес Ева Мендез!

Животна приказна

Со години живее далеку од очите на јавноста

Актерката Ева Мендез на 5 март го прослави својот 48-ми роденден. Некогаш ги обележуваше родендените со раскошни забави, кои фотографите ги следеа до детали, но откако се омажи и роди деца, сето тоа се промени.

Ева пред неколку години реши да му се посвети на семејниот живот и да ја остави кариерата на страна, па вистинска реткост е да се види на некој настан.

Ева е родена на Флорида, а по разводот на нејзините родители, со мајка ѝ отишла во Лос Анџелес, каде што и пораснала. Средно училиште завршила во Калифорнија, а потоа се запишала и на факултет. Сепак, се откажала од студиите за да ѝ се посвети на глумата. Кариерата пред камерите ја започнала откако ловец на таленти видел нејзина фотографија во портфолиото на негов пријател и решил да направи голема ѕвезда од неа.

Првиот филм во кој се појавува е хоророт од 1998 година „Деца на пченката 5: Поле на ужасот“, а најзабележителни улоги оствари во филмовите Hitch, Out of Time, Ghost Rider и The Place Beyond the Pines. Токму на снимањето на овој филм во 2011 година, го запознала својот сегашен сопруг Рајан Гослинг.

Двојката се венчала во строга тајност, а ни денес никој не знае точно кога и каде. По венчавката, Ева одлучила да му се посвети на семејниот живот и да ја напушти глумата. Своето прво дете, ќерката Есмералда, ја родила на 42 години, а две години подоцна со Рајан ја добила и ќерката Аманда.

Во ретките интервјуа што ги давала откако се повлекла од јавноста неколку пати нагласила дека ужива во мајчинството и дека не планира да се врати на глумата, барем не во скоро време.

Во последно време, папараците немаат успеано да ја уловат. Последните достапни фотографии за јавноста се оние од пред неколку месеци. На нив јасно се гледа дека актерката сè уште изгледа беспрекорно и се чини дека новата животна улога баш ѝ годи.

Нејзината тајна состојка веќе ја имате во кујната: Ова е тајната за убавина на Ева Мендез!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.