„Се надевам дека ќе ги стигне карма“: Ја засрами Шакира, а сега го прекрши и последниот договор, Пике нападнат на Твитер

Шоубизнис

Насмеаниот Жерар Пике се шета со својата девојка Клара Киа Марта со која пред неколку дена беше на свадба во Коста Брава во Шпанија, а на Твитер го почестуваат „сочни“ коментари.

Се’ уште не стивнуваат страстите што ги разгореа тврдењата дека фудбалерот Жерар Пике ја изневерил својата долгогодишна партнерка Шакира со која ги има синовите Милан и Саша, а сега славниот спортист прави нов скандал.

Според изјавите на негови блиски луѓе, најпрвин ја криел врската со 12 години помлада студентка и работник во ПР-одделот на неговата компанија, а потоа одлучил да открие се’. Пред само неколку дена јавноста го виде како се бакнува со Клара, што според извор близок до Шакира, неговата поранешна невенчана сопруга многу тешко го поднела тоа.

На Шакира ѝ пречеа фотографиите со неговата девојка бидејќи го прекрши нивниот последен договор кој вели – не појавувајте се со новиот партнер една година по раскинувањето. Како што можеме да видиме, Пике не го почитува својот збор.

Колку грубо! Се надевам дека кармата наскоро ќе ги стигне… кармата за неверство“, „Пике падна навистина ниско“, вака се коментираат новите фотографии на Пике и Клара на Твитер, па корисниците можат да бидат груби додека ги споредуваат „келнерката Клара и Шакира“.

Скршениот збор и прељубата се важни. Иако не е потврдено дека Пике се забавувал со студентката додека се уште бил во врска со Шакира, тоа не ги спречува многумина да кажат дека Клара помогнала да се раздели славниот пар. Дури и да не е Клара, има бројни девојки со кои Пике се поврзуваше во последно време.

Убаво кажа еден Твитер коментар:

Kога Пике може да ја посрамоти Шакира, со која е со години и има деца, како ќе помине Клара? Но, еј, можеби ќе се промени. Мислиме, тој самиот. Како што тргнаа работите, тешко дека ќе се промени неговиот однос со бившата.

Шакира се појави во јавноста по објавувањето на спорните фотографии. Таа уживаше во играњето тенис со синот Саша и нејзиниот тренер. Фотографијата е направена во Барселона, каде што пејачката живее со своите деца.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.