Самохрана мајка добила отказ откако ѝ донирала бубрег на шефицата: А потоа се случил пресврт каков што никој не очекувал!

Прочитајте!

Дебора Стивенс дознала дека нејзината шефица Жаклин Брусија веќе долго чека за трансплантација на бубрег, па ѝ се јавила и ѝ го понудила својот бубрег

Њујорчанката Дебора Стивенс ѝ подарила бубрег на својата шефица за да не мора да чека за трансплантација.

Деби Стивенс, тогаш 47-годишна самохрана мајка на две деца, го донирала својот бубрег за да ѝ го спаси животот на шефицата, но подоцна била отпуштена додека закрепнувала.

Џеки Брусија (61) ѝ се пожалила на Деби дека никако не може да најде донор, по што таа ѝ се понудила да ѝ го донира нејзиниот бубрег.

Тие се запознале додека работеле во компанијата Atlantic Automotive Group која продава автомобили во Њујорк. Стивенс две години била вработена во таа компанија. Ја напуштила во јуни 2010, кога се преселила на Флорида.

Потоа, Деби одлучила повторно да се пресели на Лонг Ајленд и ја прашала Брусија дали може да ја врати на работа, што таа и го направила. Два месеца подоцна, Брусија ја прашала дали и понатаму сака да ѝ го даде нејзиниот бубрег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A Foto e o Fato ® (@afotoeofato)


Кога дознала дека нејзината шефица долго чека за трансплантација на бубрег, Дебора великодушно ѝ го понудила својот. По операцијата, Стивенс имала компликации, бидејќи ножните нерви ѝ биле оштетени, па еден месец била на боледување. Поради тоа, шефицата почнала да се однесува лошо со неа.

„Не можеш да одиш дома кога ќе посакаш. Луѓето ќе мислат дека имаш посебен третман тука“, ѝ кажала шефицата.

Потоа, Брусија му се пожалила на раководството на компанијата, па Деби Стивенс добила отказ.

„Таа беше моја шефица и јас ја почитував. Не сакав да умре. Ова е многу болно искуство за мене“, рекла Деби Стивенс.

Дебора сега планира да ја тужи компанијата за која работела и својата поранешна шефица поради дискриминација.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.