Колач што го обожаваше цела Југославија: „Бушава“ пита на старински начин – вкусно и економично

Рецепт

„Бушавата“ пита важеше за еден од омилените колачи во поранешна Југославија, речиси секоја домаќинка знаеше да го замеси

Овој прекрасен старински колач беше еден од најпопуларните во Југославија. Многу е вкусен и економичен, а сите состојки сигурно веќе ги имате во кујната. Оригиналниот рецепт ќе ве врати во некои стари времиња…

Состојки:
  • 500 г брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 200 г шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 200 г маст
  • 6 лажици мелени ореви
  • 2 лажици гриз
  • 300 г џем од сливи
Приготвување:

Во подлабока чинија ставете маст, шеќер, еден ванилин шеќер и цело јајце, па сето тоа добро изматете го со миксер. Потоа, помешајте го брашното со прашокот за печиво, па половина од мерката додајте ја во чинијата со маст и матете уште неколку минути. Исклучете го миксерот, па во смесата додајте го остатокот од брашното, брзо мешајте со врвовите на прстите за да не се направат грутки и сето тоа убаво да се соедини.

Сипете малку повеќе од половина од смесата во плех обложен со хартија за печење, па добро натапкајте ја со прсти. Потоа, премачкајте ја со џем, а во остатокот од смесата од брашно, додајте мелени ореви, другата кесичка ванилин шеќер и гриз, па со лажица рамномерно сипете ја смесата преку џемот. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени околу половина час, додека коричката убаво зарумени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.