Родригез не и дозволува на Џенифер да „дише“ – Цело време ја следи, контролира се што прави

Кога ќе го видите ова, се ќе ви стане јасно

На Јутјуб каналот на Џенифер Лопез објавени се неколку видеа кои покажуваат како изгледаат концертите на пејачката зад сцената. Фановите забележаа дека нејзиниот емотивен партнер Алекс Родригез се појавува на секое и дека е целосно опседнат со пејачката,

Пред Лопез, бејзбол играчот успеа да ги смува и Кејт Хадсон и Камерон Дијаз, но и голем број на манекенки, менаџерки и фитнес инструкторки. Токму поради многубројните афери и менувањето на жени се распадна и неговиот брак со Синтија Скуртис.

 

Скуртис документите за развод ги поднесе во 2008 година, но екс сопружниците останаа во коректни односи, пред се поради двете ќерки кои ги имаат. Синтија долго време ги толерираше романсите на Алекс, но наводно за крај на бракот пресудила Мадона.

После поп кралицата го поврзуваа и со американската манекенка Мелиса Бритос, а на неговиот шарм паднаа и Деми Мур и Ен Војчицки.

 

Она што е симптоматично и што треба да се нагласи е дека Родригез буквално ги приморува партнерките да вежбаат, што јасно се гледа и од Лопез која откако е со него не излегува од теретана, а низ слично помина и Дијаз и Хадсон.

 

Цело време разговараат за исхрана, вежбање и нивните тела. Има многу хемија меѓу нив, но кога други ќе седнат во нивно друштво им е непријатно затоа што упорно ја форсираат темата за вежбање. Треба малку да ја зачинат врската и да излезат од тој нивни свет, рекол неименуван извор.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.