Првото појавување на Мелина Џиновиќ во јавноста по веста за разводот! Таа одби да дава изјави, еве како изгледа (ВИДЕО/ФОТО)

Никој не ја замислуваше во вакво издание!

Таа придонесе за отворањето на фондацијата…

Мелина Џиновиќ за прв пат се појави во јавноста по потврдената вест дека повеќе не е со Харис, кого го напушти пред повеќе од една година. Од друга страна, како што пишуваа претходно медиумите од регионот, веќе подолго време се шпекулира дека Мелина е во емотивна врска со човек кој не е пејач, но е познат на јавноста. За сега не се открива неговиот идентитет.

Дизајнерката за прв пат се појави во јавноста по сите вести околу разводот со Харис на отворањето на Фондацијата Анџелина, основана на иницијатива на семејството на девојчето Анџелина Аќимовиќ, кое трагично загина во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Мелина одби да даде изјава за медиумите, избегнувајќи секаков контакт, а судејќи по фотографиите може да се заклучи дека изгледа подобро од било кога и со тоа можеби испрати порака дека е – одлична.

Настанот се одржа во Сава Центар, а за него придонесе и Мелина со една своја креација/фустани.

Фондацијата ќе го негува споменот на сите жртви кои загинаа во тоа училиште.

Како што истакна во синоќешното интервју за Телеграф.рс Марија Анѓелковиќ, сестрата на Анџелина, Фондацијата ќе се занимава со спречување на трагични настани преку едукација на децата за опасностите од интернетот и социјалните мрежи.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.