Прва го разоткри холивудскиот МОНСТРУМ што ги СИЛУВАШЕ АКТЕРКИТЕ: Сега го толкува сопствениот лик во филмот на оваа тема (ВИДЕО)

Трнлив и тежок пат

Ешли Џад беше сексуално малтретирана од страна на поранешниот продуцент и осуден силувач Харви Вајнштајн за време на снимањето на филмот „Колекционерот“ во 1997 година.

Покрај тоа што докажа дека е одлична и суперталентирана актерка во текот на нејзината тридецениска кариера, Ешли Џад стана и една од главните движечки сили во движењето за правата на жените во последните неколку години.

Таа беше првата што зборуваше против Харви Вајнштајн години пред другите жени да имаат храброст да излезат во јавноста со своите приказни.

Прво, во 2015 година напиша статија за Variety во која сепак не го именува продуцентот, а набргу потоа ги сподели своите искуства со „Њујорк тајмс“, кога конечно одлучи да раскаже се’ за мрачните тајни на овој филмски могул.

Покрај ТЕВајнштајн, во своите мемоари од 2011 година, таа зборува и за сексуалното злоставување што го трпела од многу мажи, вклучувајќи и неименуван член на семејството, признавајќи дека била изложена на секс мошне рано и несоодветно поради честите афери на нејзината мајка со мажите.

Ешли ги детализираше нападите врз неа кога еден маж ја силувал двапати додека друг гледал, а потоа била малтретирана од друг возрасен маж, откривајќи дека во тоа време имала 1 5 – 16 години, само за да се помири со она низ што поминала и преживеала, Ешли дури го запознала човекот кој ја силувал во 1999 година.

Во филмот „Таа кажа“, Ешли се глуми сама себе во две клучни сцени – во едната, таа на новинарот на „Тајмс“ му го раскажува своето искуство кога била сексуално вознемирувана од Вајнштајн додека го снимала филмот „Колекционерот“ од 1997 година, а во подоцнежната сцена филмот го документира моментот кога се согласила да биде именуван во истрагата на „Њујорк тајмс“.

Во режија на Марија Шнајдер, филмот „Таа кажа“ е заснован на истоимената книга на две новинарки на „Тајмс“, Џоди Кантор и Меган Твој.

Известувањето на Џоди и Меган доби „пулицерова награда“ во 2018 година за експлозивно новинарство, кое ги разоткри моќните и богати сексуални предатори, вклучувајќи ги и обвинувањата против еден од најмоќните холивудски продуценти, барајќи ги најодговорните за долго скриените обвинувања за принуда, бруталност и замолчување на жртвите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

Благодарение на сите овие храбри жени, 70-годишниот Харви Вајнштајн беше прогласен за виновен за сексуален напад и силување и моментално отслужува 23-годишна затворска казна во Њујорк. Филмот „Таа кажа“ пристигнува во киносалите на 18 ноември.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.