Валкани тајни од најелитниот клуб за возрасни: Стриптизета открила кои два услова мора да ги исполните за да влезете

Бизарно

Хејли Грејс работи како стриптизета во најелитниот клуб за возрасни и открила многу интересни детали што се случуваат зад кулисите

Хејли Грејс (26) која живее во Њујорк моментално е една од најбараните стриптизети и танчарки на бурлеска, а настапува во еден од најелитните клубови во градот. Многу млада запловила во овие води, а неодамна за британските медиуми открила многу интересни пикантерии што се случуваат зад кулисите.

Хејли воедно е и еден од дизајнерите на костими за познатата бурлеска, тип на танцов перформанс што му претходи на кабарето, а кој на многу заводлив и интересен начин со соблекување на костимите го привлекува вниманието на многу гости.

Бизарни перформанси

Таа открила како всушност изгледа еден настап и што тој мора да подразбира за да ѝ биде интересен на публиката.

„Живеам вистински сексуални фантазии работејќи во најелитните секс-клубови, а секој перформанс ми носи поинакво искуство“, вака ја започнува таа својата приказна, а потоа објаснила и кој ѝ е омилениот настап.

„Еден од моите неодамнешни настапи беше кога учествував во прекрасна сцена на ропство додека во позадина ми свиреше виолинист“, отворено зборувала Хејли.

Вечерта обично ја започнува со лесен, амбиентален танц, а завршува со многу креативни сцени на секс на бината со еден или повеќе партнери. Целата претстава трае до длабоко во ноќта. Како што вели, тематиката секогаш е поинаква, а нејзина задача е да ги воведе гостите во светот на фантазијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haley Grace (@haleygraceartist)

Не може секој да присуствува

Само членови на високото друштво, односно бизнисмени, познати личности и луѓе со углед и одреден статус можат да пристапат во најелитниот секс клуб. Уште еден дополнителен услов е тоа што мора да бидете убави и привлечни. За да станат гостин со пристап до приватните соби, членовите мора да платат годишна карта која достигнува и до 70.000 евра.

„Еротскиот театар во живо е диво и возбудливо искуство, во смисла што ние секогаш се развиваме. Ги истражуваме нашите граници и сексуални интереси. Возбудливо е да се проба што било ново“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haley Grace (@haleygraceartist)


Покрај танцувањето, Хејли имала можност да ги покаже и своите актерски способности, па така одредени перформанси изискуваат и по неколку заводливи дијалози. Меѓутоа, и покрај сè, многумина ги изненадува тоа што оваа 26-годишна девојка потполно нормално ја доживува својата работа, како и секоја друга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haley Grace (@haleygraceartist)

„Моето работно место е вистински луксуз, но не е ни првото од таков тип. Ако се вратиме на египетските или грчките игри и манифестации, сексуалните забави отсекогаш биле присутни“, рекла таа и додала дека чести гости се двојките што сакаат да го освежат својот љубовен живот.

„Некои гости одлучуваат да дојдат со партнер за да можат заедно да имаат возбудлива авантура, а други доаѓаат сами со надеж дека ќе запознаат некој нов“, открила Хејли за крај.

Хејли редовно споделува провокативни слики во интересни костими на социјалните мрежи, со кои им покажува дел од атмосферата во клубот на своите следбеници.

Таа ѝ е роднина на Кејт Мидлтон: Позирала за „Плејбој“, чита Тарот карти и настапува како стриптизета!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.