Принцот што злоупотребувал малолетнички има подобар статус од него: Оваа одлука му го скрши срцето на Хари

Дознајте повеќе

Притисоците врз принцот Хари не престануваат

Британските медиуми постојано пишуваат дека понижувањата и ниските удари за принцот Хари и Меган не престануваат да се нижат. Имено, откако дознале од медиумите дека сепак не биле поканети на големиот прием во Бакингемската палата во неделата вечерта каде што се собраа светските лидери и членови на бројни кралски семејства, војводата од Сасекс доживеал уште еден удар.

Медиумите пренесуваат дека принцот Хари бил „скршен“ откако амблемот со иницијалите на кралицата ЕР бил отстранет од неговата воена униформа што ја носел за време на бдеењето покрај нејзиниот ковчег.

Да се потсетиме, во саботата, сите осум внуци на кралицата Елизабета Втора се собрале во Вестминстер Хол за да ѝ оддадат почест на својата почината баба. Вилијам и Хари, и двајцата во воени униформи, стоеле на двата краја од ковчегот на баба им, а тука биле и другите внуци на кралицата – Зара Тиндал и Питер Филипс, принцезата Беатрис и Евгенија, леди Луиз Виндзор и нејзиниот брат виконт Северн.

На Хари, кој своевремено бил на фронтот во Авганистан, во една пригода веќе му беше одземена можноста да носи воена униформа, бидејќи повеќе не е член на кралското семејство, барем кога станува збор за извршувањето службени должности. Сепак, кралот Чарлс Трети му дозволил да ја носи униформата за време на бдеењето во Вестминстерската палата.

Но војводата од Сасекс наводно останал затечен и шокиран кога открил дека иницијалите на неговата баба се отстранети од амблемот на униформата, а наводно, дури и размислувал дали да ја облече утринската униформа за да го одбегне јавниот срам. Принцот Вилијам, пак, на амблемот уредно го имал препознатливиот монограм.

„Тоа му го скрши срцето на Хари. Отстранувањето на иницијалите на неговата баба се чини како намерен, промислен чин“, изјавил негов пријател.

Дури и на принцот Ендру, синот на кралицата Елизабета Втора, кој е обвинет за сексуално злоупотребување во Америка и исто така повеќе не ги извршува службените должности во кралското семејство, му било дозволено да го задржи монограмот на кралицата.

ОВОЈ план на кралот Чарлс ќе ги РАЗБЕСНИ Хари и Меган!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.