Принцот Хари ја разгневил јавноста со еден потег: Од кралицата Елизабета бара да го направи ОВА!

Предизвикал вистинска бура

Никој не очекуваше ваков потег

Принцот Хари влегол во правна битка со владата на Англија откако било одлучено да му се укине обезбедувањето.

Правниот тим на принцот Хари, кој пред две години се повлече од сите должности и функции во палатата, упатиле допис во кој наведуваат дека ќе бараат ревизија доколку принцот Хари и Меган немаат обезбедување за време на нивниот престој во Англија. Доколку овој правен конфликт продолжи, можно е работата да стигне до Високиот суд и до борба помеѓу министерот од една и принцот Хари од друга страна.

Ова би било првпат во историјата член на кралското семејство да преземе такви правни чекори, а извори блиски на Хари го објаснуваат тоа вака:

„Просто кажано, пораката на Хари до државата е дека законите се лоши. Тој верува дека одлуката на државата да му се укине обезбедувањето е погрешна. Кога Хари дојде во земјата на погребот на принцот Филип, му беше доделено обезбедување. Меѓутоа, кога ова лето се врати во Англија, не доби обезбедување. Инаку, Хари на погребот во Англија допатува со свое приватно обезбедување, но на аеродром го дочека и свита од Скотланд Јард. Сепак, кога летоска дојде во Англија на откривањето на статуата на принцезата Дијана, имаше само свое приватно обезбедување.“

Јавноста е гневна поради одлуката на Хари и Меган да бараат обезбедување кое се финансира од даноци, а истовремено се откажуваат од своите кралски должности.

„Принцот Хари од самото свое раѓање е доведен до доживотен безбедносен ризик и заслужува заштита“, објаснува неговиот правен тим.

Ова би предизвикало уставна криза: Кралицата Елизабета не може да спие со вечери – многу е загрижена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.