Потресен детаљ од животот на познатата актерка: После силувањето се обиде да се убие, а потоа заврши на психијатрија

Животот на познатите

Језива судбина на младата актерка.

Еван Рејчел Вуд на 22 години сама се пријавила во психијатриска клиника, за да се обиде да си помогне по сите немили настани што ја снашле.

„Не сум експерт, но можам да го споделам моето искуство. Кога имав 22 години, се чекирав во психијатриска клиника и не се срамам од тоа“, почна исповедта на Рејчел, а потоа таа откри што и претходело на ваквата одлука:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @wwdreamm

„Беше утро и се чувствував како да ме прегазил камион. И тогаш, речиси хистерично, го зедов телефонот. Тоа беше еден од оние моменти кога конечно морав да одлучам – или да продолжам да живеам или да почнам да го живеам животот во потполност“, вели актерката и открива дека во тој момент и се јавила на мајка си за да и каже дека се обидела да се самоубие. и дека и треба помош:

„Кога и се јавив и реков дека морам да одам во болница, не размислував за физички повреди, туку за ментално здравје. Кога ќе паднеш на дното, немаш каде да одиш освен нагоре“, додава таа.

„Морам да ви кажам, не препорачувам да имате искуство блиску до смртта, воопшто не го препорачувам, само сакам да ви кажам – многу луѓе кои го доживуваат тоа стануваат сосема нови луѓе“, заклучи Еван, која се бореше со стрес и депресија поради неколкуте силувања што ги доживеала, како и поради насилните врски.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.