Полудени од љубов: Госпоѓа и господин АФЛЕК како затрескани тинејџери – ако бракот се познава по првите денови, овој ќе им биде долговечен

За разлика од претходните

Фото: Holla

Што мислите вие?

Џенифер Лопез (Афлек) и Бен Афлек уживаат на меден месец во Париз. Ах, романса. И додека последните неколку дена ги гледавме намуртени во Лос Анџелес, сега изгледаат многу среќно и заљубено. Париз си го направи своето…

И љубовта, исто така! Четврта среќа за Џенифер и втора среќа за Бен со оглед на бројот на нивните претходни бракови. Со нив на патувањето во Париз отидоа и двете ќеркина актерот од бракот со Џенифер Гарнер, па среќата е уште поголема.

Освен што се „луди“ од љубов, Џен и Бен (сакаме да ги нарекуваме така!) промовираат одличен стил, особено пејачката, која прво се појави во црвен фустан, а потоа во модел со шарен дезен, а тука е и нејзината омилена биркин-чанта, но и папучите-апостолки, кои жените сакаат да ги носат, иако стручњаците не ги препорачуваат поради здравјето на нивните стапала.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.