По смртта на актерката, нејзиниот сопруг спиел со мајка ѝ: Се зборувало дека се љубовници, а 5 месеци подоцна и тој починал

Трагична смрт

Убедливо најмистериозната смрт во Холивуд е смртта на Британи Марфи и нејзиниот сопруг Симон. Откако починале во растојание од 5 месеца од истата причина, сите сомнежи паднале на нејзината мајка

Кога би била жива, актерката Британи Марфи деновиве би го прославила својот 45. роденден, но таа почина во декември 2009 година, на 32 години.

И ден денес кружат разни контроверзии околу нејзината смрт. Официјалните документи велат дека починала од комбинација на воспаление на белите дробови, анемија и труење со лекови.

Многумина го обвиниле нејзиниот сопруг Симон Монџак за нејзината смрт, бидејќи го сметале за социопат и патолошки лажго.

Зошто? Симон по смртта на својата сопруга спиел со мајка ѝ во истиот кревет и според многу претпоставки, тие двајца биле љубовници.

Целата приказна дополнително се искомплицира кога Симон почина речиси на истиот начин како и Британи, само пет месеца подоцна. Тогаш сите почнаа да се сомневаат дека Шерон Марфи стои зад убиствата на својата ќерка и зетот.

Таткото на актерката, Анџело Бертолети, ја обвинил својата поранешна жена Шерон за смртта на нивната ќерка.

„Шерон треба да биде испрашана прва. Таа нека ви објасни зошто стана главниот наследник во тестаментот на нашата ќерка и зошто Симон е потполно исклучен од тој тестамент. Таа нека ви објасни зошто тестаментот е променет откако Британи и Симон сакаа да се преселат во Њујорк и да добијат дете. Шерон нека ви објасни што би значело тоа за неа кога првпат по неколку децении би се издржувала сама откако Британи би се отселила. Нека ви објасни зошто ги продаде долната облека, пасошот и облеката на Британи на аукција. Многу неодговорени прашања. Од тројца луѓе што живееја во таа куќа, само една е жива и таа профитираше финансиски“, рекол тој во едно интервју.

На прашањето дали смета дека неговата бивша жена е одговорна за смртта на неговата ќерка, Анџело одговорил: „Да, сметам!“

Каде е денес Шерон Марфи?

Шерон се развела од Анџело во 1977 година, веднаш по раѓањето на нивната ќерка Британи. Шерон сама се грижела за детето, па поради неа се преселила во Лос Анџелес и ѝ овозможила да си го оствари сонот и да стане актерка. Шерон два пати имала рак, а Британи сите тие години се грижела за неа.

Во 2009 година, Шерон била таа која ја нашла Британи во бањата во куќата каде што живееле со Симон. Пет месеци подоцна Шерон и Симон го пронашла мртов во куќата каде што живееле заедно, и тоа од речиси истите причинители. Имало извештај дека црната мувла се смета за причината за смртта на двајцата несреќни луѓе, но тоа подоцна било негирано.

По смртта на Британи, Шерон живеела повлечено. Но во 20212 година, поранешниот маж ја обвинил за убиство на ќерката и зетот, па барал да се повторат токсиколошките испитувања.

Меѓутоа, случајот брзо бил отфрлен и сите гласини повторно исчезнале, а Шерон продолжила да живее мирно и без медиумско внимание.

Смртта на Британи Марфи до ден денес е една од најголемите мистерии: Испливаа нови бизарни теории за трагично починатата актерка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.