По макотрпната борба за старателството, Тања конечно ги гушна синовите (ФОТО)

Конечно се заедно

Бракот на Тања Савиќ е подолго време во центарот на вниманието на јавноста. Конфликтите што се случија меѓу неа и нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ѝ беа познати на јавноста уште од самиот почеток.

Од заминување во Австралија до прекинување на нејзината музичка кариера заради семејството, сè до борбата за старателство над нивните деца, сопружниците постојано имаа кавги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Познато е дека фолк-пејачката долго време водеше битка за да ги врати синовите, кои сопругот ги однесе во Австралија на самиот старт на пандемијата, а како што навести во едно интервју пред еден месец, тие наскоро би требало да бидат со неа. Иако долго време беше одвоена од синовите, конечно дојде до нив.

Тања на својот инстаграм-профил објави фотографија на која силно ги гушка Максим и Ѓорѓе, а на нивните лица се гледа среќа и задоволство.

Еве сме. Среќни, насмеани, конечно сме заедно! Пристигнуваме во Белград за точно 26 часа! Ве сакаме сите и ви испраќаме љубов“, напиша Савиќ во описот на фотографијата.

Tanja Savić

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.