Северина го привлече вниманието со скапоцениот фустан со прорези на градите (ФОТО)
Цената му е 1.700 евра
Секогаш во најдобро издание
Пејачката Северина Којиќ присуствуваше на 24-от Интернационален стрип-фестивал во Загреб.
Таа беше на промоцијата на книгата на Макс Бункер „Во име на мафијата“, а токму нејзиното лице ја краси насловната страница на овој криминалистички роман.
View this post on Instagram
Писателот е најпознат како автор на култниот стрип „Алан Форд“.
За овој настан, Северина носеше зелен фустан со отвор на градите и со висок шлиц. Фустанот го потпишува дизајнерката Алесандра Рич.
View this post on Instagram
Цената на креацијата е 1.700 евра, а е дел од колекцијата на Алесандра од 2018 година. Моделот на фустанот во моментов е намален во некои онлајн-продавници и е достапен за околу 730 евра.
Фото: Инстаграм