Овој ден го чекам цел живот: Сузана Гавазова е пресреќна што нејзините ќерки ја избраа музиката (ФОТО)

По стапките на мама

Сузана Гавазова сподели неколку фотографии и видеа од своите две ќерки-наследнички и тоа по посебен повод.

Селена и Емили, беа дел од детскиот фестивал „Вртелешка“, кој се одржува во Струмица. Гордата мајка, секако го проследи настапот на своите ќерки, а на социјалните мрежи напиша дека цел живот го чекала овој ден.

Многу сум среќна што тргнаа по моите стапки, односно по патот на музиката! Овој ден го чекам цел живот!“ – напиша пејачката на видеото на кое пеат и танцуваат Селена и Емили.

Потоа следуваа уште неколку видеа и фотографии, како и семејната фотографија, на која позира целото семејство – Сузана, нејзиниот сопруг и двете идни музички ѕвезди.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.