Ова се децата на Томa Здравковиќ! Велат дека синот е копија на татко му, а ќерката вистинска дама (видео)

Кој би рекол дека се негови деца...

Тома се женеше четири пати!

Легендарниот пејач Тома Здравковиќ зад себе остави две деца – ќерката Жаклина и синот Александар.

Тома се женеше четири пати, а од бракот со Олга ја имаше ќерката Жаклина. Двајцата се венчале во 1963 година, но бракот не траел долго.

Во таа љубов се роди Жаклина, која е прво дете на Тома, а денес живее во Холандија и е мајка на две момчиња.

„Со него живеев краток период од животот и кога почина бев многу, многу тажна. Живееш со фактот дека тој е дел од тебе, дека постои во мене, во мојот брат, во песните, во другите луѓе…“, изјави еднаш Жаклина.

Од вториот брак со Гордана Тома го доби синот Александар. Денес живее во Торонто, каде што се запознале неговите родители. Гордана и Аца беа со пејачот до последниот ден.

„Кога ќе дознаат чиј син сум, прво ме прашуваат какво детство сум имал. Порано се претставував како Александар Саша, за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ. Бев премногу млад кога умре, дури подоцна сфатив колку тој значеше за музиката и за другите луѓе и што остави зад себе. Дури кога имав 16-17 години, кога почнав да се заљубувам, почнав да ги разбирам неговите песни. Наместо да одам во парк, јас одев со него во казино. Видов многу работи на многу мала возраст. Не ни знаев што се случува околу мене“, изјави во една прилика Александар.

Фото: принтскрин од Јутјуб

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.