Ова се детали од договорот што треба да го потпише Милица Тодоровиќ: Очекува голема сума на пари од серијата „Пејачка“

Шоубизнис

Пејачката ќе ја игра Милица Павловиќ во популараната серија „Пејачка“.

Првата екипа од втората сезона на серијата „Пејачка“ требаше да биде во март наредната година, а многумина со нетрпение очекуваат да видат кој ќе се појави од актерите, како старите, така и новите.

Како што дознаваат српските медиуми, Милица Тодоровиќ е во преговори за главната улога во втората сезона, па би требало да ја замени својата колешка Милица Павловиќ.

Тоа дека на продукцијата ќе ѝ биде многу интересно да ја имаат Милица Тодоровиќ во своите редови, зборува и фактот дека се подготвени и добро да ја платат.

Според изворите, Милица би требало од овој проект да земе дури и 20.000 евра.

Бидејќи преговорите сè уште траат, пејачката не го потпишала договорот, па не е сигурно дали оваа сума ќе остане или можеби ќе се зголеми.

Инаку, ова на Милица нема да ѝ биде прв актерски анагажман. Таа ја играше главната улога во операта „Време на циганите“ на Емир Костурица, со својот колега и кум Стефан Анѓелковиќ. Премиерата ја имаа во Франција во „Опера Бастиља“, а потоа настапуваа ширум светот.

Исто така, таа се појави и во американскиот филм „Обичен човек“, кој е снимен во текот на 2015 година во Белград, а во главната улога беше холивудскиот актер Бен Кингсли. Милица во тој филм ја отпеа песната „Јутрос ми је ружа процветала“.

Како што наведуваат, Милица Павловиќ ќе ја игра својата улога – пејачката Ивана, но на крајот на првата сезона дојде до пресвртница, овој лик ќе умре, но не е познато на кој начин ќе биде.

Поради тоа беше потребен нов женски лик, а деталите се држат во строга тајност.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.