Почина внукот на Боб Марли: Музичарот е пронајден мртов во својот автомобил
Тажна вест
Внукот на Боб Марли, Џозеф почина вчера на 31 годишна возраст.
Џозеф „Џо Мерс“ Марли, внукот на реге легендата Боб Марли и синот на Греми наградуваниот музичар Стивен Марли, почина на 31 годишна возраст, пренесува светскиот медиум. Претставникот на Ролинг Стоун вчера ја потврди смртта на музичарот.
View this post on Instagram
Според радиото VZPP, музичарот е пронајден во своето возило, а причината за смртта се` уште не е откриена.
View this post on Instagram
Џозеф Марли е роден во Јамајка во 1991 година. Од раното детство бил изложен на музиката како дете и внукот на познатите светски музичари. Песни почнал да пишува уште во средно училиште, а во 2010 година ја објавил својата прва песна.
Коментарите се заклучени.