„Одењето на психолог ми беше голема пресвртница во животот“: Сара Јо отворено за проблемите

Шоубизнис

Пејачката истакна дека највредната работа е работата на себеси.

Пејачката Сара Јо откри дека редовно оди на средба кај својот психолог. Се поголем е бројот на јавни личности кои зборуваат за важноста на овој вид ментална хигиена. Помеѓу останатите, и популарната пејачка го сподели своето искуство, сметајќи го за вистинска пресвртница во нејзиниот живoт:

„Мислам тоа беше пресвртница за многу работи и навистина беше клучна работа. Морам да признаам дека бев помалку лута на поединечни медиуми, бидејќи многумина од моите отворени и искрени разговори на социјалните мрежи беа претставени на многу банален начин. Во ред е за некои работи, но сепак за други, навистина треба да си освестен и да разбереш како тоа влијае на пошироката јавност. Знам дека е табу тема, но е и еден вид ментална хигиена. Како што одите до теретана да одржувате кондиција и форма, такво нешто би требало да биде и редовна точка во животот, како на правилен начин да ги процесуираме некои работи. Просто не постои повредна работа од работата на себе, а тоа е всушност со психолог“, изјави пејачката во една прилика, и истакна дека за неа работата на себе и помага, дури менува и одредени карактерни особини, за да биде уште попрецизна и во правилата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

„Многу проблеми имам во главата поради тие работи во животот. Мислам дека многу ми донесе, но исто така многу исцрпува. Понекогаш се занимавам со деталите и некои работи кои се суштински неважни, но работам на тоа и мислам дека луѓето го забележуваат тоа. Не мислам само на публиката, туку и на пријателите и соработниците“, откри пејачката за „Блиц“. Додаде дека се посакува да оформи семејство:

Фото: Инстаграм

„Имам пријателки во своето опкружување кои уште од сега би сакале да имаат деца – едно, две, три… Не сум размислувала во тој правец. Секако дека би сакала еден ден да имам свое семејство иверуам дека ќе биде нешто свето и најважно нешто во животот. Не сум стигнала да се занимавам со тоа, а можеби и не сум тип кој сака да ги планира тие работи“, изјави Сара.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.