ОВИЕ хороскопски знаци ќе се збогатат до крајот на годината!

Астро-прогноза

Луѓето родени во знакот Бик, скорпија и Водолија ги очекуваат неверојатни финансиски добивки до крајот на годината, тврдат астролозите.

Бик

Овој земјен знак добива нови извори на приход, што поволно ќе влијае на финансиската состојба. Транзитирањето на Сатурн во Водолија ќе ви ја зголеми среќата, но избегнувајте да инвестирате во недвижнини. Енергијата на Сатурн во вашата куќа ве турка да трошите и купувате, но наоѓате начин да заштедите и да бидете во плус. Трошете мудро и избегнувајте непотребни трошоци. Поставувањето на Јупитер и Сатурн во вашата родна карта ви помага да добиете нова работа и да ги подобрите односите со претпоставените. Овие врски можат да ви донесат финансиски придобивки на долг рок.

Скорпија

Финансискиот хороскоп посочува дека Скорпиите ќе имаат многу среќа до крајот на 2022 година. Се што правите ви носи изобилство, затоа потрудете се да заштедите за да ви стане стабилна финансиската состојба. Крајот на оваа година ќе биде поволен за вас од финансиски аспект. Периодов профитирате, а ја имате и поддршката од блиските и оние од деловниот круг. Јупитер ќе транзитира низ Риби во 5-тата куќа на Скорпијата. Оваа позиција на Јупитер ќе биде поволна за стекнување пари. Можно е да ве очекува успех на професионален план, особено на некои работи поврзани со странство. Инвестирајте мудро.

Водолија

До крајот на 2022 година, Сатурн ќе влезе во знакот Водолија, кој се наоѓа во првата куќа на вашиот знак. Оваа позиција ќе ви помогне да започнете економски развој. Правилниот избор на вложување пари во вистинско време ќе помогне да се постигнат финансиски придобивки. За време на овој транзит, постојат шанси да постигнете огромен успех со помалку труд. Ѕвездите советуваат да не се губи концентрацијата. Од друга страна, Сатурн повторно станал ретрограден, се преселил во знакот Јарец и се наоѓа во 12-тата куќа на Водолија. Поради ваквата положба на планетата, постои шанса да заминете во странство. Ова ќе ги зајакне вашите финансии. Јупитер тргна во ретроградна состојба на 29 јули 2022 година и ќе биде во првата куќа на Водолија. Благодарение на ова ќе ви се зголемат деловните врски, а ќе добиете поддршка во кариерата и финансиите. Од финансиите и деловните односи ќе успеете да остварите профит, кој со текот на времето ќе зајакнат. Астролозите советуваат паметно да го искористите вашето време и да избегнувате непотребни блокади и пречки. Секако, успехот што ќе го постигнете во овој период може да има поволно влијание врз вас на долг рок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.