НИКОЛИНА ГИ ПАКУВА КУФЕРИТЕ И ЗАМИНУВА ЗАСЕКОГАШ: Трагичната смрт на сопругот ја натера ИТНО да се пресели

Ова се деталите

Николина Пишек се соочи со ненадејната смрт на сопругот Видоје Ристовиќ со кој ја има осумгодишната ќерка Уна Софија, а здравствената состојба на водителката од ден на ден се влошува.

Поради неможноста да го преболи, но и желбата да избега од притисокот на семејството и јавноста, таа ги прекинала градежните работи на семејната вила во Загреб и одлучила да се пресели во Европа, дознава Ало!

Според изворот, Пишек со денови размислувала кој европски град е идеален за продолжување на образованието на нивната ќерка за да се пресели пред крајот на летниот распуст.

Николина од ден на ден е се’ полошо, психичката состојба наеднаш ѝ се влоши, а почна и да слабее. И она малку храна што ја јаде, ја повраќа. Поради се’ што ѝ се случи, таа одлучи да направи нешто за себе и за своите ќерки. Разговараше со својата сакана Хана Леонард од првиот брак, која со години е во Шкотска со својот татко, а потоа и со малата Уна Софија за преселба во Европа, и штом ја доби поддршката од ќерките, почна да планира да ја напушти земјата“, открива добро информиран извор.

Изворот додава дека Николина ќе го продаде недвижниот имот што го има во Хрватска доколку се укаже можност да купи семеен дом во Европа.

Николина во Загреб има стан и неколку продавници кои планира да ги продаде веднаш штом најде идеален имот. Таа отсекогаш сакала недвижен имот во некој европски град, а смртта на Видоје го забрза тој процес. Планира да изгради нов, посреќен живот што подалеку од Загреб и Белград, кои ја враќаат во болни спомени“ – вели изворот, и открива дека Николина размислува за три европски земји.

Nikolina Pišek, Vidoje Ristović

Нејзината прва желба беше да живее во Италија, која ја обожава, но по совет на пријателите и семејството ги зеде предвид Шпанија и Франција. Тоа се земји со многу добри образовни институции, кои нудат убава иднина за нејзината ќерка“ – заклучува изворот за „Ало“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.