Никој не е погорд од Украинката со најголеми природни гради на светот: Не постои човек што не се врти по неа!

Кога таа ќе помине, настанува хаос

Украинската манекенка има најголеми природни гради на светот

Луиса Ковански (29) вели дека уште кога била мало девојче на 9 години, врсниците ја исмејувале и ја навредувале поради големите гради. Многу страдала, а и денес вели дека постојано сè ја боли и дека се чувствува непријатно во облеката што ја носи. Има проблеми и при вежбањето, не може да прави ни основни кардиовежби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louisa Khovanski (@louisakhovanski)

Инфлуенсерката која има 2,5 милиони следбеници на Инстаграм планира да ги намали градите, бидејќи сака да биде прифатена во општеството и додава дека операцијата за намалување е клучна за нејзината самодоверба.

„Морам постојано да носам широка облека за да не се доведам во опасност. Не смеам да носам топчиња или маички со прерамки како другите девојки, бидејќи луѓето уште повеќе ќе ме мразат“, вели таа и објаснува дека луѓето зјапаат во неа кога носи тесни маички, па затоа облекува предимензионирана облека за да се вклопи полесно.

„Не сум јас виновна што сум наследила големи гради, но тоа не ги спречува луѓето да ми пишуваат лоши коментари како: ‘Сè што имаш се градите’“, вели таа и додава дека често ја споредуваат со Памела Андерсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louisa Khovanski (@louisakhovanski)


Иако денес не добива многу негативни коментари на сметка на своето тело, во минатото ја нарекувале „глупачка“ поради градите, но вели дека луѓето што оставаат вакви коментари се „тролови без лице“.

Верува дека иако можеби никогаш нема да стане учителка, нејзините други бројни таленти ѝ помогнале да стане финансиски независна и стабилна.

„Можеби никогаш нема да се вработам како учителка или да имам слична работа, но напорно работев за да го направам својот живот финансиски стабилен. Не правам селфиња, туку создавам уметност на заведување на мојата интернет-страница“, истакнува инфлуенсерката.

„Имам слободен распоред, работам од кое било место и можам да патувам каде и да посакам, така што сметам дека немам пропуштено нешто во однос на кариерата“, објаснува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louisa Khovanski (@louisakhovanski)


Вели дека поради малтретирањето на училиште и денес има трауми. Сега се труди да се гордее со своето тело и да не му дозволува никому да ја дефинира нејзината личност.

Има најголеми гради на светот кои и понатаму растат секој ден: Води необичен живот, а начинот на кој ги зголемува ќе ве ШОКИРА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.