„Немам момче 40 дена“! Дара Бубамара за мажите и врските: „Имам проблем затоа што ми се додворуваат премногу мажи, а еве и зошто“ (ВИДЕО/ФОТО)

Може да бира...

Има енергија која ги привлекува мажите

Пејачката Дара Бубамара вели дека има енергија која ги привлекува мажите и дека никогаш немала проблем да најде партнер.
Некои велат дека е арогантна, а други дека го прави она што многумина само го посакуваат но не знаат како да го направат.

Сега кога Дара Бубамара се врати од турнеја отворено призна дека 40 дена е без момче, но не и без додворувачи:

„Не можам да ги разберам оние жени кои велат дека никој не им се допаѓа. Јас каде и да се појавам, во лифт, маркет си наоѓам додворувачи.Во моментов не сум во врска, односно веќе 40 дена сум без момче. Не затоа што не можам туку не сакам“, вели Дара.

Меѓу другото откри и кому му пречи нејзината среќа:

„Па, тоа е љубомора. Некако во последно време луѓето се многу незадоволни и кога ќе те видат среќна… Навистина сум исполнета, се ми оди добро во животот. Здравјето ми е на прво место. Имам убав и паметен син кој тренира, кој е добро дете и оди во средно училиште. Немам причина да бидам несреќен.  Се што ќе замислам го остварувам“, заклучува Дара.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.