Нема да верувате за колку пари е продадена јакната на Оливија од филмот „Брилијантин“
Филмска индустрија
Оливија Њутн Џон која почина синоќа на 73 години во својот дом во Јужна Калифорнија, три децении откако дозна дека боледува од карцер на дојка, играше во култната улога во познатиот филм „Брилијантин“ на режисерот Рендал Клајзер.
Знаете ли што се случи со јакната која ја носеше на филмското платно?
Кожната јакна и кожните панталони од 1978 година кои бе прикажани во филмот „Брилијантин“, кога Оливија Њутн-Џон го освои светот, па стана славна и потоа 40 години подоцна во 2019 година, облеката која ја носеше во тој филм беше продадена на аукција на куќата „Џулијен“ во Њујорк за 405,000 долари: за јакната е дадено 243,200, а за панталоните 162,500 долари.
Сите пари се дадена на Фондацијата за истражување на канцерот која ја основа актерката.
Оливија Њутн – Џон во 1992 година дозна дека боледува од канцер на дојка, на денот кога починал нејзиниот татко, во 1993 година болеста се вратила, а ремисии следеле во 2017 и 2019 година, кога влезе во четвртиот стадиум од болеста. Нејзината родена сестра Рона умрела од канцер на мозокот пред девет години.
Веста за смртта на актерката ја соопшти нејзиниот сопруг Џон Истерлинг. Оливија беше мажена за актерот Мет Латаци со кој има ќерката Клои Роуз Латанци.
Коментарите се заклучени.