Деликатес од тиквици и сланина: Специјалитет на кој никој не може да одолее (ВИДЕО)

Рецепт

Од кујната на бабите пристигнува нов рецепт кој можете да го подготвите за доручек, ручек или вечера – сјаен е во било кој ден и да го јадете.

Потребно е:

100 гр блитва

2 тиквици

1 лажица брашно

1 лажица презла

100гр кашкавал

200гр павлака

100мл млеко

3 јајца

3 печени пиперки

2 моркови

100гр сланина

Сол, зачин

 

Подготовка:

Блитвата ја чистите и малку ја оставате на пареа, тиквицата ја чистите, па ја сечете на листови, посолувате врз неа за да се отпушти течноста, па исцедете ја. Брашното, зачинот и презлата. Пиперката се пече на плотна, па ја лупите.

Плехот го подмачкувате со масло. На дното ставете листови тиквици кои претходно ги поминувате со презла. Потоа ставете го кашкавалот, па тиквиците, сланината, па исчистената пиперка која исто сте ја поминале низ презла, па повторно презла, одозгора преку кашкавалот наредете листови моркови, па повторно малку сланина и завршувате со тиквиците.

Во чинија ги матите јајцата, додавате павлака и 100мл млеко, се добро измешано и прелијте го сето тоа преку тиквиците. Одозгора ја доставувате сланината и може по желба малку кашкавал. Се пече на 200 степени околу 35-40 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.