Најомразената љубовница конечно ја постигнала целта: Милионерот го претворила во папучар кој веќе не личи на себе!

Прво го развела, а потоа го навлекла на ботокс

Џеф Безос и Лорен Санчез се прошетале на улиците во Милано

Џеф Безос, основачот на „Амазон“, важеше за еден од најинтелигентните луѓе на светот кој успеал да направи милиони од својата гаража. Меѓутоа, неговиот љубовен живот не престанува да ја изненадува јавноста, која смета дека токму неговата избраничка Лорен Санчез му го руши кредибилитетот со молскавична брзина, и тоа на секој чекор. Имено, оваа интригантна двојка прошетала на улиците во Милано и тоа не би било ништо необично ако свршеницата на милијардерот не се појавела во проѕирен црн фустан на вечера во отмен ресторан.

Имено, таа гордо шетала покрај богаташот, кој бил многу незабележлив, додека во прв план биле нејзините бујни силиконски гради и витите нозе. Преку рамениците префрлила подолго сако, а од модни додатоци носела само сребрен ѓердан и дискретни обетки. Овој провокативен изглед го заокружила со класични сандали.

И двајцата носеле очила за сонце иако веќе било ноќ, па се чинело дека сакаат да одбегнат директен контакт со присутните.

Безос изгледа сè повеќе ги потврдува озборувањата дека комплетно му потклекнал на шармот на некогашната љубовница, а сегашна свршеница.

Лорен била редовна гостинка во неговиот дом додека бил во брак со сопругата Мекензи Скот, со која заедно пиела кафе, претставувајќи ѝ се како искрена пријателка. А потоа, како бомба одекна веста дека токму таа е новата девојка на Џеф.

Всушност, кога вистината исплива на виделина, излезе дека богаташот со години ја изневерувал својата сопруга со неа, па таа прекуноќ го доби епитетот „најомразената љубовница на светот“.

Биле во брак 26 години и заедно граделе империја, а Мекензи без размислување започнала бракоразводна парница, додека неверството скапо го наплатила – ѝ припаднало речиси половина од богатството на американскиот претприемач.

И додека многумина со нетрпение очекуваа дека Лорен ќе го насамари Безос, тоа не се случи. Каде и да се појават изгледаат многу вљубено, никогаш не се разделуваат, па на сите настани се појавуваат заедно. Живеат гламурозно, а друштво им прават најпознатите личности во Холивуд.

Од друга страна, многумина забележаа дека Безос поработел на својот физички изглед. Одеднаш почнал да поминува со часови во вежбалница, сакајќи да има што подобра градба и поголеми мускули. Исто така, ја променил исхраната и се труди менито да му биде што поздраво. Според неговите последни фотографии, изгледа не му е непозната ни употребата на ботокс. Со секоја нова фотографија се покренува лавина коментари дека претерал со естетските корекции и дека крајно време е да престане, во спротивно нема да личи веќе на себе.

ФРАЕР ДА БИДЕ: Лорен Санчез објави фотка на која Џеф Безос е гол до појасот и предизвика лавина од коментари
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.