Марија Шерифовиќ откри колку ослабнала: „Денес ми е 28 ден од диетата и 12. тренинг“

Шоубизнис

Марија Шерифовиќ реши да ги промени претходните навики.

Пејачката Марија Шерифовиќ наскоро повторно ќе се најде во улога на жири на најголемиот музички натпревар на нашите простори „Ѕвезде Гранда“.

Од почетокот на есента таа одлучи да се посвети на здрав начин на живот, редовни тренинзи и посебен режим на исхрана. Таа за тоа редовно ги информира своите следбеници на социјалните мрежи, а многумина ќе можат да се угледаат на неа и самите да ги променат своите навики.

Освен посебен режим на исхрана, таа тренира три пати неделно, иако не е многу ентузијастичка за таквиот начин на живот, но резултатите се видливи, па ослабела 6 килограми за еден месец.

„Денеска е 28-ми ден од мојата диета. И го направив 12-тиот тренинг… Можеби малку умирам“, на шега рече Марија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.