Контроверзниот филм од 1990-тите ѝ го донесе статусот секс-симбол: Денес никој не би ја препознал прекрасната русокоса!

Елизабет Беркли

Елизабет Беркли е најпозната по улогата во филмот Showgirls од 1995 година, поради кој стана секс-симбол, а сега била фотографирана во јавност по долго време и изгледа непрепознатливо

Актерката Елизабет Беркли се прослави на средината на 1990-тите со филмот Showgirls, кога на публиката ѝ прикажа една од најпровокативните сцени во историјата на кинематографијата.

Елизабет ја толкуваше улогата на Наоми, девојка која доаѓа во Лас Вегас и станува една од главните изведувачки во градот на коцкањето и промискуитетот. Сцените во кои води љубов во базенот, како и оние на кои танцува околу стриптиз шипка, станаа култни, а нејзе ѝ го донесоа статусот секс-симбол, но и ѝ ја запечатија кариерата.

Поради контроверзниот филм што критиката не го прифати добро, Елизабет во 1995 година доби две Златни малини, награди што ниту една актерка не сака да ги добие. Беше одбрана за најлоша актерка на светот и најлоша дебитантка, а критичарите ѝ порачаа дека добриот изглед, сепак, не е единственото нешто што е потребно за успех во Холивуд.

Потоа оствари уште неколку незабележителни улоги и денес ретко се појавува во јавност, а папараците сега ја уловиле на прошетка во Лос Анџелес и не е лесно да се препознае од фотографиите.

Денес, 50-годишната Елизабет очигледно качила неколку вишок килограми, што вешто го крие на социјалните мрежи.

Не сме навикнати да ја гледаме во олку опуштено издание, без шминка и гламурозни парчиња, но се чини дека таа не очекувала дека некој ќе ја фотографира.

Навистина изгледаше поинаку и пред две години кога ги снимаше новите епизоди на серијата Saved by the Bell, каде што ја започна кариерата како Џеси Спано, но поради малата гледаност, римејкот беше откажан по две сезони.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.