Кинески доктор (29) починал откако 35 дена работел без престан: Еве како бил дочекан во својот роден град! (ВИДЕО)

Тажна вест

Докторот Донг Тианг е вистински херој на новата доба

Кинескиот доктор Донг Тианг (29) умрел од мозочен удар откако 35 дена без престан работел на спасување на заболените од коронавирус.

Анестезиологот, доктор Тианг, бил прогласен за мртов во болницата Хубеи во сабота наутро, една недела пред неговиот 30-ти роденден.

Тој работел нонстоп, повеќе од еден месец, поради што на 3-ти март доживеал колапс, па итно бил сместен во болница. Го лечеле цели 19 дена, но без успех. Докторот зад себе оставил сопруга и болен татко.

Донг се грижел за болниот татко, кога чул дека покраината Хубеи се бори со коронавирус. Тогаш доброволно се пријавил за работа.

Откако цели 35 дена работел без престан, анестезиологот почнал да ја губи способноста за говор, а потоа се онесвестил.

Кога починал, го вратиле во ковчег во неговата куќа, а поворката била дочекана од маса на луѓе кои носеле транспаренти: „Добре дојде дома, хероју!“

Погледнете го видеото…

За да се одбегнат повеќе вакви трагични случаи, послушајте ја молбата на овие доктори и сестри.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.