Кејт Мидлтон ги шокирала Англичаните: Никогаш нема облечено олку кратко здолниште!

Погледнете

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, и тенисерката Ема Радукану заиграле тенис во двојка на настан со кој бил одбележан успехот на британските тенисери во скорешните натпревари. За таа пригода, Кејт се појавила во минич!

Имено, Кејт сите ги изненадила кога се појавила на тенискиот терен во центарот на Лондон, каде што со победничката на US Open, Ема Радукану одиграла меч во двојки. Убавата Кејт (39) на теренот излегла во спортска комбинација, во тренерка и кратко здолниште, кое ги открило нејзините совршено извајани нозе.

Кејт и Ема биле одлично расположени и одлично се забавувале, барем според фотографиите што веднаш се прошириле низ светот.

Инаку, 18-годишната тенисерка Ема Радукану неодамна од непозната девојка стана вистинска сензација кога го освои US Open.

Покрај титулата и трофејот, победата на US Open ѝ донела и 2,5 милиони евра.

Со војвотката од Кембриџ оваа недела заиграла тенис на настанот по повод прославата за успехот на британските тенисери на неодамнешните натпревари, а преносот на мечот бил достапен на националната телевизија во Велика Британија. Оние што не го гледале мечот, пак, набрзо чуле за него и уживале во фотографиите од теренот.

Запознајте ја „палавата“ страна на Кејт Мидлтон (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.