Камила во тајност ја напуштила Британија: Го оставила Чарлс во многу стресен момент и решила да се посвети на себе

Свет

Камила Паркер Боулс отпатува во Индија со пријателите, но со нејзе не отиде нејзиниот сопруг, новиот крал Чарлс Трети.

Премиерката Лиз Трас поднесе оставка, па новиот крал Чарлс мораше да го именува новиот премиер, но со него не беше неговата сопруга.

Лиз ќе биде запаметена по тоа што имала најкраток стаж, а ја именуваше кралицата Елизабета Втора не долго пред да умре.

За тоа време кралицата, односно сопругата Камила се упати во Индија со неколку пријатели во холистичкиот здравствен центар, и ова не и` е прва посета во Индија.

Во центарот се достапни медитацијата, хомеопатијата, јогата и терапијата позната како Ајурведа, а се во фокусот на подмладувањето.

Пред три години, Камила со Чарлс во Индија го прослави 71. роденден, а според пишувањето на британските медиуми кралот е моментално на имотот во Сандрингам и на почетокот од неделата се враќа во Лондон.

По оставката на Лиз Трас, новиот премиер на Велика Британија е Риши Сунак, Индиец кој беше министер на финансии, а оженет е со ќерката на едниот од најбогатите луѓе во Индија. Го искористи своето знаење и вештини, па дојде во центарот на медиумите во 2020 година.

Откако Борис Џонсон призна дека ги прекршил епидемиолошките прописи кои ги донел, Риши само постепено се дистанцираше од него.

Да се потсетиме, Камила (75) од неодамна уште еднаш покажа колку е во добри односи со поранешниот сопруг Ендру Паркер Боулсон (82).

Како што пишува Дејли Мејл, Камила го вклучила пензионираниот војник во извршување на должностите на кралското семејствто.

Имено, војникот во пензија ја претставуваше Камила на погребот на некогашниот роднина од другото колено во Лондон. Наводно ова е прва во низа на обврските кои Ендру ги извршува во името на кралското семејство.

Ова е интересен потег на кралското семејство откако кралот Чарлс Трети објави дека планира да ги намали членовите на монархијата.

„Среќен е дека може да направи нешто што се бара од него. И понатаму ужива во топлиот однос со Камила“, вели изворот за Дејли Мејл.

Инаку, Камила се разведе од Ендру во 1995 година, а во бракот добија две деца.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.