Холивудскиот шармер има 53 години и го урна Интернет со ГОЛА фотографија (ФОТО)

Жените полудеа!

Холивудскиот актер Метју Меконахи е еден од ретките кои успеале да го избалансираат физичкиот изглед, раскошниот талент за глума, но и високата интелигенција – тој е голем активист, сопственик на хуманитарна фондација, а во 2021 година прогласен е за филантроп на годината.

Жените го обожаваат, а навистина изгледа феноменално со оглед на тоа што го прослави 53-от роденден. Годините придонесоа за неговата зрелост, како и за неговата мажественост и харизма, а големи број жени родени во 1980-тите се сеќаваат на Метју во младоста – тогаш навистина немаше конкуренција.

Актерот неодамна и самиот се потсети на минатото, па на Инстаграм сподели стара фотографија на која позира потполно гол пред фрижидерот и со тегла кисели крставички во рацете.

Доста необична сцена, ќе се согласите, а Метју оваа фотографија ја сподели за да го одбележи Светскиот ден на киселите крставички, 14 декември. Тој очигледно сакал да се пошегува на своја сметка, но кај жените ширум светот оваа фотографија и тоа како ја разбуди нивната фантазија и ги потсети на тоа колку холивудскиот шармер е навистина добар фраер.

Жешко“, „Би сакала јас да го фотографирав ова“, „Кој ја исече оваа фотографија, тоа ме вознемирува“, „Штета што не ја гледаме во целина“, „Како е овој привлечен човек“, „Кога ќе кажат дека човекот има нешто, помислувам на тебе“, беа само некои од коментарите.

Потсетуваме, Метју од 2012 година е во брак со манекенката и актерка Камила Алвеш, и имаат три деца: Вида, Левија и Ливингстон. Тој му е многу посветен на семејството и не ја пропушта можност да го нагласи тоа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.