Ја „убија“ од исмејување: Пејачката Андреана Чекиќ тврди дека Земјата е рамна, а Месечината е проекција! (ВИДЕО)

Што да се каже...

Српската пејачка Андреана Чекич повторно ја шокираше јавноста во Србија со изјавите за теорија на гравитацијата, но овојпат го довела во прашање и човечкото историско слетување на Месечината.

Таа гостуваше во емисијата „Амиџи Шоу“, каде повторно брилијираше со своите „научни теории“, а поради тоа социјалните мрежи „горат“ од коментари…

„Дали сметате дека човекот слетал на Месечината или е тоа лага?“ – било прашањето на водителот Огнен Амиџиќ, на што Андреана ја изнела својата нова и интересна теорија.

„Нормално дека не, јас тоа го тврдам. Постои Месец, иако земјата е рамна. Наводно слетувањето на Месечината била во 1969 година, тогаш се родила мојата мајка, а ние тоа денес не го можеме. Тоа е лага! – рекла пејачката и се надоврзала на теоријата која ја застапува, а тоа дека Земјата е рамна плоча.

„Не знам дали Месечината е рамна, мислам дека е проекција. Мислам дека од нешто самото се проектира. Кога ќе видиш некои работи ќе сфатиш дека е логично. Нешто објавив на Инстаграм. Да не завршам мистериозно почината или случајно испила доза лекарства“ – порачала пејачката и сите ги оставила без текст.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.