Емотивен концерт: Данијела Мартиновиќ ја разнежни публиката во Скопје!

Незаборавно

Концерт за Денот на вљубените

Скопје го обележа Денот на љубовта и виното со емотивен концерт на познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ.

Концертот на 14.02 на сцената на МНТ, кој доживеа своја реприза веќе наредниот ден на 15.02, беше дел од нејзината турнеја која го носи истиот наслов како и нејзината втора авторска книга – „Неописиво“.

 

Данијела си ја отвори душата пред публиката во Скопје и освен што ги пееше своите најголеми хитови, помеѓу песните споделуваше и голем број цитати и мотивациски пораки од своите книги, со што уште повеќе ја зацврсти врската со своите обожаватели.

 

Публиката испеа повеќе од половина од емотивната песна „Нека ми не сване“, а на „Да је слаџе заспати“ немаше човек кој седеше на своето столче. И самата Данијела дозволи да ја понесе веселата атмосфера, па ги собу чевлите, танцуваше и се дружеше со фановите.

Данијела смени и неколку фустани на концертите – секој од нив впечатлив и гламурозен на свој начин.

Откако ги средивме сите впечатоци, дефинитивно може да кажеме дека зборот што најдобро ги опишува двата концерта на Данијела Мартиновиќ е – неописливо!

ФОТО: Горан Десковски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.