Модели од кои застанува здивот: Овие јакни ќе ги носиме напролет!

Трендови

Сончевите денови кои полека пристигнуваат не’ поттикнаа да почнеме да размислуваме за пролетни комбинации

Сезоната пролет/лето 2020 нуди еден куп разновидни модели кога станува збор за јакните. Некои се инспирирани од модата во 90-тите, а некои се женствени модели од твид.

Еве што ќе носиме наредната сезона:

Кожен блејзер

Кожените блејзери биле голем моден хит на почетокот од 90-тите години. Трендсетерките како Хејли Бибер и Бела Хадид, постојано носат вакви модели, а најчесто станува збор за модели со предимензиониран крој.

Јакни од твид

Коко Шанел ги донела на големата врата во модата и оттогаш не го напуштаат модниот трон, а оваа пролет се особено модерни.

Сафари јакни

Беж, маслинести, во сите земјени нијанси, и оваа пролет јакните во сафари стил ќе владеат на модната сцена. Тие се најпрактични, бидејќи лесно се комбинираат и одат речиси со се’.

Штепани и бомбер јакни

Тенките прошиени јакни наменети за потоплите месеци никогаш не биле попосакувани. Нареднава сезона се препорачува да ги носите со плетени џемпери и кожени хеланки.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време